Утрински Весник
Македонија

Сојуз на борци од НОБ преку отворено писмо бара да нема промена на имиња на улиците во Тетово

20250125101008 Big 730x400 68 E1737798558503.webp.webp

Општинската организација на Сојуз на борците од народноослободителната и антифашистичката војна и граѓаните продолжувачи од Тетово испрати отворено писмо до тетовскиот градоначалник во кое бара да нема преименување на градските улици кои носат имиња од антифашистичкото минато на македонскиот народ и народности. Воедно и од членовите на Советот се бара и апелира да нема именување на улици и инфраструктурни објекти со имиња на личности, настани и датуми кои слават фашистичка, терористичка, милитаристичка или радикална личност, односно група.

-Ова писмо е јавен израз на најостра реакција, предупредување и споделување на длабока загриженост на државотворниот Сојуз на борците од народноослободителната и антифашистичката војна и граѓаните продолжувачи од Тетово, а поради повторните вознемирувачки најави на градоначалникот на општина Тетово г. Билал Касами за промена на имињата на улиците во градот и определување на имиња на претходно неименувани улици на територијата на општината, се вели во писмото на тетовскиот Сојуз на борци.


Во писмото го потсетуваат Касами дека по Устав, Закон и здрав разум, треба да биде градоначалник на сите граѓани кои живеат во општината.

Прво, во вашиот речник не треба да постојат македонски, турски, ромски или албански партии, туку политички партии и чинители кои се повикани на соработка во демократски услови и амбиент на градење општествена кохезија помеѓу етникумите. Второ, дали отсуството на политичките субјекти во одреден процес Вам ви дава за право да бидете градоначалник само на Албанците кои живеат во Вашата општина? Зарем Вие јавно признавате дека живееме во племенска заедница и иако земате плата од сите граѓани Вие не се грижите за сите нас. Трето, спротивно на вашето правно непознавање, Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти во ч. 4,стр. 2 експлицитно пропишува дека Одлуката за определување на име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект на подрачјето на општината ја носи Советот со мнозинство гласови, при што мора да има мнозинство гласови од присутните членови на Советот кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во општината, се вели во писмото на Сојузот на борци од Тетово.

Во писмото се потсетува дека промената на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, не смее да се прави шест месеци пред одржувањето на редовни избори, како и делото од Законот каде се вели дека на листата на имиња, не смее да се најде име со кое се нарушува угледот на Република Македонија, се навредуваат чувства на граѓаните на Републиката и на граѓаните на други држави, како и се нарушуваат односите меѓу заедниците, обичаите и јавниот морал.

Отвореното писмо е испратено до Владата, министерствата, амбасадите на ЕУ и САД.

Можете да прочитате

Клековски: „8 Септември“, Штип, Битола и Тетово или ќе третираат и со биолошка терапија или нема потреба од онколошки одделенија што не работат

Вработен во ЈП вршел наплата во домови низ тетовско – парите наместо на благајна, си ги ставал во џеб

Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри