Утрински Весник
Македонија

Големата температурна инверзија ќе ја имаме и викендов во Македонија!

Meteoalarm.mk 53.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

За време на овој викенд, во нашата Македонија големата температурна инверзија ќе продолжи, односно, котлините ќе бидат многу поладни за разлика од повисоките места, планините и Скијачките центри, и со густа магла и ниска облачност.


Густата магла во текот на овој викенд ќе ја има секако и во Скопската котлина, па така  и во Скопската котлина останува поладно и со пониска дневна температура за разлика од останатите делови од Македонија.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат значително повисоки и натпросечни за овој период од годината, и на многу места ќе надминуваат 10 степени, а во југоисточните предели тие се очекува дасе искачат до, па  и за некој степен над 15 степени. Како што погоре напоменав, котлините, особено оние во Полошкиот, Пелагонискиот и Повардарскиот регион ќе бидат многу поладни и со густа магла и ниска облачност, секако, вклучувајќи ја  и Скопската котлина.

Токму ова ќе придонесе за понатамошно топење на снежната покривка на планините  и на Скијачките центри.

Токму ова е поради влијанието на Антициклонот, односно, полето на висок воздушен притисок кој се наоѓа над нашите краеви од Европскиот Континент, влагата е многу голема во воздухот, имаме претежно тивко време, па токму ова придонесува да имаме густа магла и ниска облачност во многу готлини низ Македонија.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев 

Зајкова и ЛДП со петиција за електронски нараквици за сторителите на насилство

Уапсен скопјанец, фатен како презема дрога