Утрински Весник
Македонија

Српскиот патријарх Порфириј во понеделник доаѓа во Скопје: Со г.г. Стефан ќе присуствува на Светосавската академија

Porfirij.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Српскиот патријарх Порфириј ќе присуствува на свеченоста што по повод Свети Сава, националниот празник на српската заедница во Македонија, ќе се одбележи на 27 јануари, в понеделник, во Македонскиот народен театар во Скопје.

Ова денеска го најави вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ коментирајќи ја овогодинешната Светосавска академија, на која покрај патријархот рече дека ќе присуствуваат и претседателите на собранијата на Црна Гора и Република Српска, како и други претставници од српската политичка сцена.


„Оваа година на одбележувањето на Свети Сава ќе присуствува и патријархот на Српската православна црква, Порфириј, кој ќе биде гостин на Македонската православна црква. На Светосавската академија патријархот ќе пристигне заедно со архиепископот Стефан. Ќе имаме можност двајца црковни великодостојници да ја уважат академијата и да го уважат денот и на некој начин да го заокружат процесот што го почнавме уште во 2007 година со прослава на националните празници во земјава“, рече тој.

Според него, ова е порака на помирување на регионот и соработка која ќе наиде на позитивен однос од целата македонска јавност.

Можете да прочитате

Планиран прекин на струја утре во делови од Тетово и селото Доброште

Алармантно: Млади на 9 години пушат цигари, а пијат алкохол на 13 години

Уапсен скопјанец баран со потерница