Утрински Весник
Македонија

Пешевски и Вељаноски станале советници на Мицкоски

Trajko Veljanovski.jpg

Владата ги ангажирала поранешните функционери од ерата на владеењето на Никола Груевски – Владимир Пешевски и Трајко Вељаноски како надворешни соработници на премиерот Христијан Мицкоски, пишува „Фактор“.

За поранешниот вицепремиер за економски прашања и поранешниот претседател на Собранието може да се види дека добиваат исплати под шифрата „консултантски услуги“ на платформата „Отворени финансии“. Пешевски веќе редовно добива месечни исплати од 60.000 денари, додека Вељаноски од овој месец има една исплата од 38.710 денари што не може да се заклучи дали е целосна.


Пешевски беше виден на отворањето на патот Страцин – Крива Паланка на почетокот на месецов, заедно со другите членови на Владата и останатите државни функционери. За Вељаноски јавноста подолго време нема ништо прочитано, но и тој исто како Пешевски е поранешен истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, за кого велат дека често наминува во партиското седиште.Денес тој беше ослободен и од кривичен прогон околу 27 април.За Вељаноски можеше единствено да се прочита нешто откако беше обвинет за организација на нападот на Собранието на 27 април 2017, додека пак за Пешевски се пишуваше за случајот „Траекторија“ за постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку

Падна група дилери: Запленета дрога, МВР и ОЈО разоткрија мрежа во Скопје и Куманово