Утрински Весник
Македонија

Следува натпросечно топло време, снегот на планините забрзано ќе се топи, а котлините ќе бидат многу поладни и со густа магла!

Ecm1 72 1.gif

Метео анализа на Славчо Попоски:

Од крајот на оваа работна седмица, па за време на викендот, како и во почетокот на следната седмица во Македонија продолжува променливо облачно време со сончеви периоди, тивко и со појава на густа магла по котлините.


Појава на густа магла во следните денови ќе продолжи да има  и во Скопската котлина.

Во местата со магла температурите ќе бидат многу пониски како наутро, кога ќе се спуштаат  и под нулата, па така  и преку ден. Додека на другите места, особено на повисоките, планинските места и Скијачките центри температурите ќе бележат тенденција на голем пораст со што се очекува забрзано топење на снежната покривка.

Преку денот во следниот период насекаде температурите ќе надминуваат 10 степени, а во југоисточните предели тие се очекува да се искачат и до 17 степени. Но како што напоменав, значително поладно ќе биде во котлините со густа магла и ниска облачност.

И во Скопската котлина температурата преку ден во следниот период ќе остане пониска и претежно под 10 степени.

Се на се, температурната инверзија ќе ја имаме  и во следниот период од годината, па така, котлините ќе бидат значително поладни од повисоките месата, планините и Скијачките центри.

Можете да прочитате

Расчистени девет случаи на измама со лажни сообраќајки, охриѓанец жртвите ги оштетил за 60.000 евра

Падна измамникот со лажни сообраќајни несреќи, штета од 3,6 милиони денари

Филипче: Протестите за возачките дозволи не се начин, власта треба да понуди решенија за сите граѓани