Утрински Весник
Свет

Автомобил удри во неколку лица во Ајндховен, двајца повредени

20250122190156 Big 730x400 56.webp.webp

Автомобил удри во неколку луѓе на улица во Ајндховен западно од центарот на градот при што се повредени две лица.

Инцидентот се случил по конфликт, соопшти локалната полиција.


Околу три часа по инцидентот, полицијата соопшти дека се верува дека автомобилот најмалку двапати удрил во учесниците во конфликтот.

– Многу работи се сè уште нејасни, а истрагата за точните околности и причините е во тек, велат тие.

Возачот сосе автомобилот, бел Фолксваген Т-рок со белгиски регистерски таблички, избегал веднаш по судирот и се уште се води како исчезнат.

Полицијата веќе уапсила две лица на местото на настанот. Едниот е осомничен за упатување закани, а другиот, според полицијата, „многу се мешал при апсењето што и тој бил уапсен“.

Портпаролот на полицијата не знае колкава била групата во која удрил автомобилот, ниту пак во каква состојба се повредените. Исто така, не е јасно дали во автомобилот имало едно или повеќе лица.

Можете да прочитате

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот

Патници скокаа од крилата на авион на “Рајанер” поради лажна тревога за пожар