Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Се истражува дали бегството на Груби е организирано или е само поради пропуст

Toskovski.webp.webp

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, повторно зборуваше за случајот со Артан Груби. Тој рече дека веќе е поднесена кривична пријава против полицискиот службеник кој му овозможил на поранешниот вицепремер да ја напушти државата, и покрај тоа што била активирана забрана, но се истражува дали бегството на Груби е организиран чин.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во врска со службеникот кој не го застана Артан Груби на граница вели „зашто е службеникот на граница, за да продава цвеќиња или да гледа во компјутерот кој му е основна работа?“


-Службеник којшто е на позиција да го земе пасошот од одредено лице и го стави на скенер и од кога ќе го искенира се појавува на компјутерот пред него дека предметното лице е на стоп листа дека наместо да гледа во компјутерот што му е основна работа така? Зашто е он на граница? За да продава цвеќиња? Или е на граница за да проверува дали лицето исполнува или не исполнува услови за да ја напушти? Тука тоа никој не можел да го претпостави, вели Тошковски.

„Беа преземени дејствија и беше отворена внатрешна истрага. Се истражува дали бегството на Груби е организирано, или станува збор само за пропуст на полицискиот службеник. Од досега собраните докази кои ги имаме, сме поднеле кривична пријава и сме преземале мерки кон полицискиот службеник во насока на суспензија, согласно доказите кои се неспорни. Неспорно е дека не погледнува во мониторот полицискиот службеник, и му овозможува да излезе. Неспорно е тоа“, рече Тошковски.

Исто така Тошковски зборуваше дека оние што издаваат информации од МВР, дека ги загрозуваат животите на колегите.

Можете да прочитате

Николоски: Авиолиниите Женева и Париз ги воведуваме за дијаспората

Следува натпросечно топло време, снегот на планините забрзано ќе се топи, а котлините ќе бидат многу поладни и со густа магла!

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ останува заглавена во криминалот