Утрински Весник
Скопје

За викендот отстранети се 70 метри кубни отпад од диви депонии низ Скопје

Viber Image 2025 01 17 11 54 44 672.jpg

Во текот на изминатиов викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 70 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Центар.

Во општината Чаир повторно се реализирани активности на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) каде што на аголот со улицата Максут Садик се подигнати 25 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени на јавна површина, во непосредна близина на детското игралиште. Во оваа скопска општина е интервенирано и на две локации на улицата Џон Кенеди, каде што се расчистени 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и градежен отпад.


Во текот на викендот, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и приближно 25 кубни метри мешан комунален и отпад од картонски пакувања одложени на тревна површина долж улицата Тодор Александров, на потегот што води кон Средно Водно.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот од средно Водно до св. Пантелејмон

Нормализирана е испораката на топлинска енергија во Скопје

СДСМ: Неспособноста на ДПМНЕ го остави пола Скопје без парно