Утрински Весник
Македонија

Во трка за наградата „Роман на годината“ 43 дела

11111.jpg

На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс, што се одвиваше од 15 декември минатата година до 15 јануари годинава, пристигнаа 43 романи.

Жири-комисијата, во состав Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) констатираше дека и  годинашната конкуренција е составена од различни жанрови и дека процесот за избор на најдобро дело воопшто нема да биде лесен.


Комисијата и годинава ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Жири-комисијата е должна да го соопшти името на добитникот до 15 март.

Наградата „Роман на годината“, која е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а чиј генерален спонзор е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе биде доделена 26-ти пат. Признанието се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Список на пристигнати дела на конкурсот „Роман на годината“ за 2024 година

  1. „Безсловен“, Кирил Ангелов, „Сакам книги“
  2. „Ветрилиште“, Игор Анѓелков, „Или-или“
  3. „Јод“, Снежана Младеновска Анѓелков, „Или-или“
  4. „Играта на господин Филип“, Санта Аргирова, „Култура“
  5. „Коски, пепел, чад“, Мери Арсова, „Антолог“
  6. „Напластување“, Јасмина Атанасова, Центар за култура Битола
  7. „Риба во(н) мрежа“, Јована Матевска Атанасова, „Арс Либрис“
  8. „Роботот 1971“, Бобан Богатиновски – Куманово, самостојно издание
  9.  „Кум“, Саша Богдан, „Сакам книги“
  10. „Ковчежето со драгите предмети“, Матеј Богдановски, самостојно издание
  11. „Тони“, Румена Бужаровска, „Три“
  12. „Кога соништата не заспиваат“, Викторија Гаго, Ирис, Струга
  13. „Стриптиз на душата“, Филип Георгиевски, „Бата пресс“
  14. „Искра“, Петре Димовски, „Дијалог“
  15. „Седум часот и педесет минути“, Јован Илиески, „Антолог“
  16. „Кој го уби Едгар Алан По“, Владо Јаневски, „Или –или“
  17. „Кобајаши Мару“, Анде Јанков, „Антолог“
  18. „Недостиг“, Симеон Јанков, „Или-или“
  19. „Ехото на акробатите“, Владимир Јанковски, „Арс Либрис“
  20. „Леска Брезоска“, Симона Јованоска, „Или –или“
  21. „Страшни приказни“, Сузана Камберова, „Арс Либрис“
  22. „Во длабочината на моите рани“, Благица Каревска, „Панили“
  23. „Простување“, Кица Колбе, „Или –или“
  24. „Тајни“, Јордан Коцевски, „Антолог“
  25. „Светот што го избрав“, Калина Малеска, „Или-или“
  26. „Јас пратеник“, Владимир Мандичевски Манде, „Баги Комуникации“
  27. „Девојката што ја наслика смртта“, Андреа Мирческа, „Арс Либрис“
  28. „Што се случи со Исидора?, Јана Мишо, „Арс Либрис“
  29. „Неочекувано“, Ана Мовска, „Арс Либрис“ 
  30. „По корените на мајка ѝ“, Марија Моневска, „Ројал Арт“
  31. „Зад маските“, Ксенија Николова, „Шеринг ис керинг“ – Здружение за создавање на подобро општество за сите 
  32. „И ѕирка и проѕирка“, Огнена Никуљски, „Антолог“
  33. „Огне и Време за желби“, Виолета А. Наумовска, самостојно издание
  34. „Евацид“, Никола Радуловиќ, „Флип Бук“
  35. „Возот“, Филип Скуманов, самостојно издание 
  36. „Не ѝ верувај на баба ти“, Натали Спасова, Н. Славковска
  37. „И јас сум Сирма“, Зоран Спасов Ѕоф, „Арс Либрис“
  38. „Љубов, море и лимончело“, Татјана Кацарска Станоевска, „Топер“
  39. „Раѓањето на Илија“, Зоран Стојаноски, ПНВ Публикации
  40. „Капињера“, Гордана Такец, „Сакам книги“ 
  41. „Тајната на монахот“, Далибор Трајков, „Сакам книги“
  42. „Италијанскиот ракопис“, Лепа Гештаковска Христовска, „Сакам книги“
  43. „Приказни од ѕунливото море“, Билјана С. Црвенковска , „Чудна шума“

Можете да прочитате

Ќе видат ли бел ден зградите на ФИНКИ и ФФК во кампусот на УКИМ?

Перински во Штип: Во соработка со експертите до поефикасна и отчетна локална самоуправа

Пожар во дом за стари лица во Кавадарци, евакуираани се 30 лица