Утрински Весник
Македонија

Македонски државјанин возел со 176 км на час низ Србија

Policija Srbija.jpg

Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи во градот Прокупље, при радарска проверка кај Блаце, запреле 37-годишен државјанин на Македонија кој ја пречекорувал дозволената брзина за речиси 100 километри на час.

-Тој бил фатен како вози автомобил марка „бентли“ со 176 километри на час, на дел од патот надвор од населено место каде што е дозволена брзина од 80 километри на час, соопштија од СВР Прокупље.


Против возачот е поднесена соодветна прекршочна пријава.

Можете да прочитате

Македонија е заеднички дом на сите нејзини граѓани

Кумановец им помагал на граѓани да вадат пари од банкомат па дел од кешот си го земал за себе

Мисајловски најави десет процентно зголемување на платите во Армијата и одбраната