Утрински Весник
Македонија

Денешното утро во Македонија исклучително ладно – Во градовите речиси -10 степени, многу ладните утра продолжуваат!

Screenshot 20250117 114616 Gallery.jpg
Dik 300x250 mk

Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија.


Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места низ Македонија до 7 часот утринава, и тоа на мерните станици на УХМР.

На втората табела можете да ги погледнете температурите измерени по градови и места низ Македонија до 10 часот претпладнево, и тоа исто така на мерните станици на УХМР.

Инаку, утринава до 7 часот снежната покривка на Скијачките центри изнесуваше висина од 54 сантиметри на Попова Шапка, 48 сантиметри во Маврово и 31 сантиметар во Крушево.

До крајот на неделава и тоа поради разведрувањето, насекаде наутро ќе биде многу ладно со минимални температури кои насекаде ќе се спуштаат под нулата, а на повеќе места тие ќе се спуштаат и под -5 степени, односно до близу -10 степени. А во делови од Македонија, особено во Беровскиот регион ,како и на повисоките места, планините, вклучувајќи ги и Скијачките центри температурите ќе се спуштаат и под -10 степени.

Преку ден пак температурите ќе бидат во пораст и насекаде ќе бидат над нулата. Сепак, по котлините повторно ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, која ќе услови во овие места и пониски температури на воздухот и преку ден.

Можете да прочитате

Познато зошто Ана Чупевска се повлече од функцијата во СДСМ

(Видео) Нова оставка во СДСМ, се повлече Костадин Ацевски

Млад кумановец загина во сообраќајна несреќа во село Длабочица