Утрински Весник
Македонија

Студено со утринска магла по одделни котлини, наместа услови за слаб снег

Magla.webp.webp

Утрово времето е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку ден ќе биде променливо облачно, наместа со услови за провејување на слаб снег.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени.


Во Скопје, наутро студено со појава на слаба магла, преку ден претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 4 степени.

Според прогнозата на УХМР, од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури.

-Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. 

Можете да прочитате

Платила 152.000 денари за „сигурно“ вработување во државна институција, измамена скопјанка

Му посакувам брзо оздравување вели Митева за Лукровски

Тошковски: Никој не може да ме убеди дека тогаш имало докази, а сега нема за случајот Мазут