Утрински Весник
Македонија

Неизвесноста со интерпелацијата Даути продолжува, од АА бараат нејзин реизбор

Ilire.jpg

Продолжуваат партиските реакции околку интерпелацијата на Илире Даути.

Крилото на Алијанса за Албанците на Зијадин Села стои зад изјавата на Илире Даути и засега не планира таа да си поднесе оставка како претседателка на комисијата за социјална политика, откако претходно со мнозинство гласови и беше изгласана недоверба. Од партијата преку соопштение попладнево кажаа дека го имаат истиот услов кој го соопшти и самата Даути – бараат Гаши да го укине заклучокот по нејзината интерпелација во петокот, за таа, како што велат, да можела да дејствува слободно, без цензура и без диктат.


-Алијанса за Албанците и Европски Фронт стојат зад изјавата на г-ѓа Даути, цениме дека таа ја вршела својата работа одговорно и согласно Деловникот и затоа бараме да се укине заклучокот инициран од Левица, а предложен од Гаши, изјавија од партијата на Села.

Даути вчера во ТВ гостување го испорача истиот услов до владејачката Вреди и Гаши доколку, како што рече, сакале таа да остане на чело на собраниската комисија како што тврдат. Во спротивно, вели, не можела да работи под диктат.

-Да го тестираме ВЛЕН, дали се искрени во помошта и барањето Илире Даути да биде претседател на комисијата? Подготвена сум, но Африм Гаши да ја свика пленарната седница, пратениците да дојдат и да гласаат токму за укинување на тој заклучок што го донесоа тој ден и тие да гласаат за Илире Даути за претседател на комисијата како слободни и невлијателни пратеници, без диктат и без претходно утврдени услови, во форма како што одлучил, изјави Даути.

Од СДСМ, пак, одговорноста покрај кај Даути ја гледаат и кај Гаши не само поради тоа што не ја свика седницата на Комисијата за социјална политика, туку и поради неговата изјава дека интерпелацијата нема правно дејство.

-Целата одговорност околу несвикувањето на седницата за законот за бранители и сега по усвоената недоверба за Даути е кај претседателот на Собранието Африм Гаши. Откако е изгласана интерпелација односно недоверба, исто така одговорност на претседателот на Собранието е да соопшти кои се неговите следни чекори по изгласувањето на интерпелацијата за Даути, изјави портпаролката на СДСМ, Кузеска.

Целиот текст на Канал 5 со клик ТУКА.

Можете да прочитате

ЈП Македонија пат: Сопствениците да ги отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново

Наставник од Свети Николе влезе во финалето на најдобрите 50 наставници во целиот свет

Внимателно возете, кашест снег на коловозот!