Утрински Весник
Свет

Паѓа цената на нафтата на меѓународните берзи

Nafta 3.jpg

Цените на нафтата денеска паднаа до 80 долари за барел на меѓународните пазари, што ја одразува пригушената загриженост на трговците за испораките од Русија под влијание на новите американски санкции.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше за 80 центи пониска од вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 80,21 долар. Вчера го затвори тргувањето со раст од 1,25 долари.


На американскиот пазар барелот денеска се тргува по 96 центи пониска цена, по 77,86 долари. Вчера го затвори тргувањето во плус 2,25 долари.

Пазарите беа загрижени на крајот на минатата недела поради новите американски санкции за рускиот нафтен сектор.

Американското Министерство за финансии во петокот воведе санкции за руските нафтени компании Гаспром Нефт и Сургутнефтегаз и 183 бродови кои превезуваа руска нафта, како и трговци, осигурителни компании и транспортери на руска нафта.

Логиката на санкциите е „да ја покријат секоја фаза од руското производство и дистрибуција на нафта“, рече претставник на Белата куќа, додавајќи дека нивното правилно спроведување може да ги намали руските приходи за милијарди месечно.

Можете да прочитате

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија