Утрински Весник
Свет

Се отвораат училиштата во Лос Анџелес и покрај пожарите кои сè уште беснеат

20250113114423 Big 730x400 92.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Речиси сите државни училишта во Лос Анџелес повторно ќе бидат отворени денеска, иако пожарникарите продолжуваат да се борат со неколку шумски пожари во кои загинаа најмалку 24 луѓе и уништија повеќе од 12.000 објекти во градот.

Образовните власти во Лос Анџелес објавија дека само седум од 1.302 училишта ќе останат затворени.


Четири од нив се уништени во пожар во близина на населбата Пацифик Палисадес во северозападниот дел на Лос Анџелес, а уште тројца се во зоната на евакуација, рпенесува ДПА.

-Условите се подобрени за повеќето области низ регионот на Лос Анџелес и уверени сме дека ситуацијата е безбедна за студентите и вработените да се вратат во кампусите, се вели во соопштението на Унификуваниот училишен округ во Лос Анџелес.

Одлуката е донесена врз основа на задржување на пожарот, квалитетот на воздухот, условите на ветерот и отвореноста на патиштата.

Државниот универзитет во Лос Анџелес, од друга страна, се префрли на онлајн часови.

Пожарникарите во Лос Анџелес се подготвуваат за обновени ветрови во наредните денови, кои дополнително ќе ја влошат една од најлошите природни катастрофи во американската историја. 

Можете да прочитате

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Путин потпиша закон за национализација на напуштени имоти во окупираните делови на Украина