Утрински Весник
Македонија

Д-р Јовановска: Интервентната радиологија е ралтивно млада гранка во Македонија

Whatsapp Image 2025 01 12 At 10.37.49 E67d8c2d.jpg

Во најновата епизода од поткаст ЗРАК со д-р Марина, се разговараше и за важноста на интервентната радиологија во третманот на различни болест особено на карциномот.

Д-р Ивона Јовановска интервентен радиолог во ГОБ „Осми Септември“ кажа дека во Македонија интервентната радиологија е релативно млада гранка но таа од година во година се повеќе се развива.


Јовановска објасни што во суштина е интервентна радиологија.

„Интервентната радиологија е поделена на две гранки, васкуларна и неваскуларна, а потоа има уште една поделба односно на неуро интервентни и боди интервентни процедури. Неуро интервентните процедури се особено сложени и специфични и интервентните радиолози што се занимаваат со тоа се занимаваат исклучиво со неуро интервентни процедури. Кај васкуларните интервенции, сите тие се прават преку некој крвен сад, додека неваскуларните процедури се оние кои се попознати како биопсии, дренажи и аблации“ рече Јовановска.

Можете да прочитате

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку

Падна група дилери: Запленета дрога, МВР и ОЈО разоткрија мрежа во Скопје и Куманово

СДСМ: Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак