Утрински Весник
Македонија

Министерство за транспорт: ЈП Македонија пат во континуитет ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен

472039390 1304849990663604 9022607068669335467 N.jpg
Dik 300x250 mk

ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта – Македонија пат, со целокупната механизација и работна сила е на терен и во континуитет врши расчистување на државните патишта, соопштија од Министерството за транспорт.

Исто така, се наведува во соопштението, на располагање се ставени и „трети лица” (компании кои соработуваат со ЈП Македонија пат) и истите се вклучени во расчистување на снегот на магистралните и регионалните патишта.


Од Министерството за транспорт апелираат до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби.

– Сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови со кажест снег на коловозот и затоа апелираме да се следи временската состојба и сите граѓани кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта, се вели во соопштението.

Се додава дека ЈП Македонија пат во континуитет ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен.

Можете да прочитате

Молотов коктел фрлен во двор во Кичево

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Обилни врнежи и можно локално невреме

Хорор во Дебарско: Киднапирана жена однесена во Струга и брутално силувана