Утрински Весник
Спорт

Лазаров по мечот со Хрватска: Се боревме од почеток до крај, тоа ни беше главна цел

20250110113127 Big 730x400 38.webp.webp

Најважно беше што се боревме од почеток до крај, тоа ни беше главна цел на дуел со една силна репрезентација како што е Хрватска. Им честитав на момците за борбата, што не се предадовме буквално до последната секунда. Затоа дојдовме овде неколку дена порано, со вакви натпревари да вежбаме не само тактика, туку и карактер, таа борба од почеток до крај, изјави селекторот на ракометната репрезентација на Македонија по синоќешниот меч со Хрватска (27:25).

Очекува голем број на наши навивачи на мундијалот и вели дека тие не смеат да бидат разочарани од настапите. 


-Може да се случи да загубиме од подобар противник, но не смееме да се предадеме во ниту еден момент со ниту еден противник. Тие ќе издвојат време и пари за да дојдат, ние треба да им возвратиме на вистински начин, со борба и желба за позитивен резултат во текот на сите натпревари. Игравме против селекција што е исклучително квалитетна, со силни индивидуалци, репрезентација што настапи и на последните Олимписки Игри во Париз. Ова е нова генерација на македонската ракометна репрезентација, да се игра квалитетно на гостински терен против еден вака силен ривал сигурно е добра работа, изјави селекторот на Македонија.

Можете да прочитате

Анчелоти очекува „непредвидливо“ Ел Класико за шпанскиот Суперкуп

Раководството на Атлетико ја критикува владината интервенција во случајот Олмо

Не запира серијата на Кливленд, Кавалирс со 33-4 ја предводи НБА-лигата