Утрински Весник
Македонија

Даниловски: HMPV не е нов вирус – Без паника за зголемените респираторни инфекции

Img 0807.jpeg

Во овој период од годината, во умерените климатски подрачја, се очекува зголемување на акутните респираторни инфекции. Ова е редовен сезонски тренд што го предизвикуваат грипот, респираторниот синцицијален вирус (RSV) и други вообичаени вируси, меѓу кои и човечкиот метапневмовирус (HMPV).

Епидемиологот д-р Драган Даниловски објаснува дека извештаите за зголемен број на хоспитализации во Кина, кои се поврзуваат со HMPV, не се целосно точни. Според него, зголемувањето на инфекциите е резултат на повеќе респираторни вируси, што е типично за зимскиот период.


„HMPV не е нов вирус како што беше коронавирусот. Овој вирус одамна е присутен и човечкиот организам веќе има развиено механизми за одбрана од него,“ вели д-р Данаиловски. Тој нагласува дека нема потреба од страв или паника и препорачува игнорирање на вознемирувачките написи.

Превенцијата и третманот за HMPV се идентични со оние за обична настинка, додава Данаиловски, повикувајќи на смиреност и одговорно следење на сезонските здравствени мерки.

Можете да прочитате

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Пошумување на опожарена површина на Голак

АРМ со детали по веста дека дрога е најдена во ранецот на припадник од Армијата