Утрински Весник
Спорт

Македонија ја намачи Хрватска – ракометната репрезентација покажа добра игра

Makedonija Rakomet 2024 3 768x509.jpg.webp.webp

Македонија одигра рамноправен натпревар против фаворизираниот противник, домаќинот добро се намачи за да дојде до победата.

Нашата репрезентација имаше и предност по првото полувреме, водевме со 14-13 пред одморот благодарение на извонредна партија на Митревски кој забележа осум одбрани во тие 30 минути.


Во второто полувреме натпреварот долго беше во егал, сепак финишот им припадна на Хрватите кои преку Срна дојдоа до предност од 26-24, исклучен беше и Лазаревски, па веќе се беше јасно. Во последните моменти двете селекции постигнаа по еден гол за конечни 27-25.

Атанасијевиќ беше најдобар стрелец во нашиот состав со пет голови, Костески постигна четири, Кузмановски и Серафимов по три.

Можете да прочитате

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Инфантино: Мундијалот 2026 ќе биде најдобриот во историјата

ПМФЛ: Шкендија го совлада Башкими