Утрински Весник
Македонија

НА НАТПРОСЕЧНОТО ТОПЛО ВРЕМЕ МУ ДОАЃА КРАЈОТ: Од викендот и во почетокот на следната седмица голем снежен бран доаѓа во Македонија!

Meteoalarm.mk 14.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

До петок во Македонија ќе имаме претежно стабилно, суво и натпросечно топлло време. Веќе од овој викенд, како и во почетокот на следната седмица, голем ладен и снежен бран ќе ја зафати целата територија на Македонија, и ќе услови пообилни врнежи кои полека насекаде во Македонија ќе преминуваат во снег, проследени со повремено засилен северен ветер, како и со голем пад на температурите на воздухот.


Станува збор за продор на многу ладен воздух од север, а во исто време од југ  и од југозапад  во Македонија ќе навлезе голем влажен воздушен бран. Во ваква ситуација, како што напоменав, полека насекаде во Македонија врнежите ќе преминуваат во снег, па така, во најголем дел од Македонија ќе се формира снежна покривка, на повеќе места позначителна, додека на планините  и на Скијачките центри постојаната снежна покривка значително ќе се зголеми.

Со овој снежен и ладен бран, снег очекуваме  и во Скопскиот регион, проследен со засилен северен ветер, а очекуваме и формирање на снежна покривка.

Што се однесува до температурите, од викендот и во почетокот на следната седмица, тие наутро речиси насекаде ќе бидат под нулата, а и преку ден на повеќе места тие ќе се задржат близу, или околу нулата, а само во југоисточните предели тие ќе бидат за неколку степени над нулата.

Во следните мои метео објави следуваат информации околу тоа колкава снежна покривка ќе донесе овој снежен бран во градовите низ Македонија, како и на планините и на Скијачките центри.

Можете да прочитате

Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа

Околу половина час се чека за излез од државата на премините „Дојран“ и „Табановце“, ГП Евзони блокиран за сообраќај

Мицкоски за спорот со Бугарија: Мора да постигнеме решение кое ќе спречи идни предавства