Утрински Весник
Свет

Вонредна состојба во Лос Анџелес поради пожар, евакуирани 30 000 луѓе

4564.jpg

Шумски пожар беснее низ богат дел на Лос Анџелес, уништувајќи домови додека 30.000 луѓе се евакуирани под огромните облаци од чад што прекриле голем дел од градот.

Изгореа најмалку 510 хектари од областа Пацифик Палисадес, меѓу Санта Моника и Малибу, соопштија властите откако веќе предупредуваа за екстремна опасност од пожар поради силните ветрови што пристигнаа по долга суша.


Противпожарната служба во Лос Анџелес соопшти дека една жена пожарникар е тешко повредена додека гасела пожар во Јужна Калифорнија.

„Околу 20:30 часот, жена пожарникар (25) се здобила со сериозна повреда на главата. На местото на настанот и била укажана лекарска помош и е пренесена во локална болница“, напиша капетанот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Ерик Скот на платформата X, објави Си-Ен-Ен.

Тој не кажа дали пожарникарката работела на гаснење на пожарите во предградието на Лос Анџелес, Пацифик Палисадес, или во Итон во Алтадена, кои беснеат во исто време.

Можете да прочитате

Неексплодирна бомба до мостот во Дрезден беше причина за евакуација на 10 000 граѓани

Бајден ја откажа посетата на Италија поради пожарите во Калифорнија

Tрамп Џуниор: Опремата за гаснење пожар во Лос Анџелес завршила во Украина!