Утрински Весник
Свет

Опсада во Германија: Маскиран напаѓач уби двајца во фабрика, полицијата трага по него

Img 0788.webp.webp

Опсада владее во германскиот град Бад Фридрихшал во Баден-Виртемберг по пукањето во фабриката на компанијата Хенел, која произведува прецизни запчаници.

Според првичните информации, во 17 часот и 45 минути маскиран и вооружен маж упаднал во фабрика во квартот Хајлброн и според полицијата, двајца мажи биле убиени, а еден е тешко ранет.


Се верува дека жртвите се вработени во компанијата, пишува Билд.

Напаѓачот успеал да побегне, па полицијата започнала операција во која учествувале хеликоптер и тим за специјални операции.

Блокади на патиштата се поставуваат и во Бад Фридрихшал.

Можете да прочитате

Русија и Украина разменија по 300 воени заробеници

Катар: Ќе го запреме извозот на нафта ако војната не престане, барел ќе чини и 150 долари

Унгарија уапси Украинци кои превезувале над 30 милиони евра во кеш