Утрински Весник
Македонија

Филипче прв пристапи и им честиташе Божиќ на своите политички ривали

Venkobozik4 Scaled.jpeg

Денеска, по повод големиот христијански празник Божиќ, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, присуствуваше на литургијата во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

На истата литургија присутни беа и претседателката на државата Гордана Силјановска и премиерот Христјан Мицкоски.


По завршувањето на литургијата, Филипче пристапи до двајцата политички ривали и им го честиташе Божиќ. Фотографија го привлече вниманието на јавноста, а многумина го протолкуваа како чин на политичка зрелост и почитување на духот на празникот.

Во изјава за медиумите по настанот, Филипче го честиташе Божиќ на сите граѓани и повика на обединување, без разлика на политичките и другите разлики. Тој нагласи дека денот е посветен на семејството, љубовта и заедништвото и одби да коментира на какви било политички теми, велејќи дека „големите празници треба да бидат денови на сплотеност, без политички пораки“

Настанот во Соборниот храм денеска бепе ретка можност да се види почитување меѓу политичките лидери и непосредна комуникација, барем за време на ваквите важни празнични моменти. Празниците остануваат потсетник дека заедништвото може да го надмине секојдневниот политички дискурс.

Можете да прочитате

Новиот Деловник на Собранието за власта добар, за опозицијата механизам за нивно задушување

Новиот Кривичен законик чека мислење од ЕК, се работи и на неколку други законски решенија

Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци во државата