Утрински Весник
Македонија

Филипче: Посакувам оваа година да е пред сѐ мирна и безбедна

Venko Filipche.jpg

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје им го честиташе Христовото раѓање – „Божиќ“ на сите граѓани кои го слават празникот.

– Посакувам мирни празнични денови, онака како што налага традицијата, во кругот на семејството, пријателите и блиските – рече Филипче.


Тој додаде дека светот во којшто живееме се менува многу динамично и драстично и затоа посака годината да биде пред се мирна и безбедна.

– Во многу места на светот има војни и во таа смисла, посакувам оваа година да е пред сѐ мирна и безбедна. А, ние тука кај нас, во нашето мултикултурно и мултинационално општество, различни какви што сме, различностите да ги сфатиме како предност, како една придобивка, на демократијата и во таа смисла, сите заедно да работиме за и државата и општеството да ги направиме подобро, помирно, поправедно и побогато место за живеење – подвлече Филипче.

Можете да прочитате

Јосифоска: На 34 години ќе ме оставевте во количка и ќе ми го запревте животот

18-годишен делчевец пронашол лични документи и поголема сума пари и ги предал во полиција

Пожар во импровизиран објект во Скопје