Утрински Весник
Македонија

Бадниковата паричка кај синот на Мицкоски 

Img 0751.jpeg

Премиерот Христијан Мицкоски сподели топла и радосна вест по повод Бадник, откривајќи дека семејната традиција оваа година донела посебно изненадување за неговото семејство.

„Оваа година, за Бадник кај моите родители, семејната топлина и радост беа дополнети со едно мало, но значајно изненадување – паричката од бадниковата погача падна кај мојот син Антониј!“ – напиша Мицкоски, пренесувајќи дел од празничната атмосфера во неговиот дом.


Со оваа објава, премиерот ја сподели личната среќа, упатувајќи искрени желби за сите граѓани:

„Со искрена радост и надеж дека и вас ве следи среќа во новата година, ви посакуваме убави празнични моменти, мир во срцата и многу љубов во вашите домови.“

Мицкоски ја заврши својата порака со традиционалното: „Среќни празници и Христос се роди!“

Можете да прочитате

Жена пешак удрена од автомобил во центарот на Скопје

Уапсени 18 возачи за безобѕирно управување возило, 16 возеле без дозвола, двајца со активна забрана

Собранието го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители