Утрински Весник
Свет

На Крим е прогласена вонредна состојба откако излеаната нафта стигна до бреговите на Севастопол

Krim Krim.jpg

На Крим денеска е прогласена вонредна состојба поради загадувањето со нафта на плажите кај Севастопол, најголемиот град на полуостровот.

Нафтата се излеа од два танкери погодени од невремето пред речиси три недели во Керчкиот теснец, на околу 250 километри од Севастопол, кој се наоѓа на југозападниот дел на полуостровот.


„Денес во Севастопол беше прогласена регионална вонредна состојба“, напиша на Телеграм регионалниот гувернер Михаил Развожаев.

Тој додаде дека нафта имало на четири плажи во регионот и дека локалните власти и волонтерите „веднаш ја отстраниле“.

„Да нагласам – нема масовно загадување на брегот во Севастопол“, напиша тој.

Керчкиот теснец, кој го дели полуостровот Крим од рускиот регион Краснодар, е важна глобална поморска рута, која минува од Азовското Море до Црното Море.

Можете да прочитате

Опсада во Германија: Маскиран напаѓач уби двајца во фабрика, полицијата трага по него

Ужасен фемицид во Дортмунд: Жена убиена од сопруг со македонски пасо

Најмалку пет загинати во зимската бура во САД