Утрински Весник
Македонија

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Vreme 1.webp.webp

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 степени било во Скопје Петровец, Битола, Струмица и Тетово, -5 во Штип и Велес, -4 во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Кавадарци, Прилеп и Крива Паланка, -3 во Гевгелија, -2 во Маврови Анови и Претор, -1 во Охрид и Виница, 0 во Попова Шапка, 1 во Крушево.

Висината на снежната покривка во 7 часот изнесувала 47 сантиметри во Маврови Анови, а 44 на Попова Шапка.


Времето во текот на ноќта и изутринава
Ведро и студено, на повисоките места со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утрово во одделни котлини има појава на магла и во Демир Капија хоризонталната видливост е ограничена на 50 метри.

Времето денеска
Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Максималната температура ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје, сончево и претежно тивко со мала облачност. Претпладне во делови од котлината со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Можете да прочитате

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Македонски туристи во кошмар: Автобусот од Истанбул постојано чади, сите се молат да стигнат живи