Утрински Весник
Свет

Во оваа држава најмалку се работи, а најдолго се живее

Luksembur.jpg

Aко некогаш сте се запрашале каде луѓето најуспешно ги балансираат работата и приватниот живот, ви го откриваме одговорот. „Травел магазин“ направил список на земји со најдобар баланс помеѓу работата и животот врз основа на неколку клучни фактори: просечни работни часови неделно, должина на одмор, квалитет на спиење, очекуваниот животен век и општото чувство на среќа кај испитаниците. Првото место на листата го има Луксембург.

Оваа земја го зазеде првото место благодарение на нејзините исклучителни стандарди. Една од причините за тоа е системот кој ги наградува постарите вработени со дополнителни денови за одмор. Така, работниците над 55 години имаат просечно 36 дена платен годишен одмор.


Дополнително, просечната плата во Луксембург е околу 5.000 евра, а повеќе од 65% од жителите поседуваат сопствен автомобил. И покрај малата популација од околу 600.000 луѓе, квалитетот на животот во оваа земја се смета за еден од најдобрите во Европа.

Австрија и Данска се на второто и третото место, нудејќи им на своите вработени минимум 25 дена платен одмор годишно. Од друга страна, Соединетите Американски Држави се рангирани на 87. место. Причината за тоа е немањето законски гарантирано платено слободно време и но и големото незадоволство од квалитетот на сонот кај населението.

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат