Утрински Весник
Македонија

Директорот на АНБ, Христовски добил НАТО сертификат

B Hristovski.jpg

Бојан Христовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност, добил позитивно мислење и сертификат за пристап до тајните на НАТО, дознава МКД.МК. Ова значи дека во иднина тој ќе може да располага со сите доверливи инфомации на Алијансата.

Вообичаено, процесот за проверка на подобноста за добивање на пристап до НАТО тајните го води централата на НАТО и низ него длабински се проверува подобноста на кандидатот.


Во македонската јавност актуелен беше случајот со сертификат за познавање на англиски јазик и вториот факултет што го завршил Бојан Христовски.

Во минатото поголем број на функционери од Македонија беа одбиени за ваков сертификат од страна на НАТО, главно поради врски со Русија,  необјасниви конта на банкарски сметки  и слично. НАТО не проверува дипломи и серѕификати и тоа е работа на надлежните органи.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски го избриша македонскиот јазик од Европскиот парламент и треба да сноси одговорност

ВРЕДИ: ДУИ ја продаде еднаквоста за Соравија

Спасовски: Со Мартин Костовски како градоначалник, Куманово ќе излезе од застојот