Утрински Весник
Македонија

Трагедија на скопската обиколница – Жена загина откако автомобил налетал на неа

Obvinitelstvo 1.jpeg

Синоќа, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи, изврши увид на местото на трагичен настан на скопската обиколница, во кој животот го загуби едно лице.

Според првичните информации, жртвата е женско лице кое или се движело пеш по автопатот или паднало од надвозник на коловозот. Несреќата се случила во услови на намалена видливост, кога возач на автомобил кој се движел по обиколницата налетал на неа.


Возачот веднаш бил подложен на алкотестирање, при што е утврдено дека не управувал со возилото под дејство на алкохол.

Јавното обвинителство издаде наредба за обдукција на телото на починатата, а прибраните траги и материјални докази ќе бидат подложени на вештачење. Во тек се разговори со очевидци за да се утврдат сите околности околу несреќата.

Можете да прочитате

Пожарот во Шуто Оризари е подметнат – доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Досега регистрирани 138 шумски пожари, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра