Утрински Весник
Свет

Насилна новогодишна ноќ низ Холандија – убиено момче, повеќе од 200 уапсени

677z381 12717418 1.jpg

Хаотична и насилна новогодишна ноќ низ Холандија доведе до трагична смрт на 14-годишно момче и апсење на повеќе од 200 лица поради немири и напади врз полицајци, а има и повредени поради подметнување пожар и несреќи поврзани со пиротехника, пренесува „NL Times“.

Локалните медиуми јавуваат дека употребата на пиротехнички средства довела до трагична смрт на 14-годишно момче во експлозија во Ротердам.


Од употреба на пиротехнички средства тешко се повредени повеќе лица низ државата.

Полициските службеници ја опишаа ноќта како „ноќ со уништување и насилство“, со значителни инциденти во градовите низ земјата.

Најсериозните инциденти се однесуваа на широката употреба на нелегални пиротехнички средства.

Во неколку градови, вклучувајќи ги Харлем, Зандам, Ротердам, Хаг, Амстердам, Бреда и Гронинген, полицијата беше принудена да одговори на насилните немири, според медиумите во светот.

Како што е објавено во написите, во Вен беше запален полициски автомобил, додека во Кулемборг полицијата употреби солзавец за да ги спречи напаѓачите да фрлаат пиротехнички средства кон полицијата.

Полицијата интервенираше и за да спречи немири во Амерсфорт, Урк и Хајцен.

Во Амстердам полицајци испукале предупредувачки истрели откако биле нападнати на централниот плоштад, јавува Танјуг.

Можете да прочитате

Обилни врнежи од снег парализира делови од Европа

Украина започна голема нова офанзива во руската област Курск

Снежна бура го зафати источниот дел на САД