Утрински Весник
Македонија

Меџити: Албанскиот простор не е засолниште за корумпираните

Izet Mexhiti 585x366 1.jpg

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, остро реагираше на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за неговиот партиски колега Артан Груби, кој по ставањето на црната листа на САД и прогонувањето од страна на македонските органи за истрага, се сомничи дека се наоѓа скриен во албанскиот простор.

„Албанскиот простор не е засолниште за корумпираните и нон-грата! Не ја дампирајте албанската територија со печатот на корупцијата и не вклучувајте ја во криењето на обвинетите за корупција и злоупотреба на службената позиција,” напиша Меџити.


Тој нагласи дека албанскиот простор треба да остане симбол на гордост и достоинство. „Личностите од црниот список на САД не смеат да ги прават албанските држави заложници на правдата и да ги вклучуваат во нивните злоупотреби. Ова е срам за политиката и политичарите албанци во Северна Македонија,” заклучи Меџити.

Неговиот одговор следува по критиките кон политиките на ДУИ и улогата на партијата во заштитата на личности вклучени во корупциски скандали.

Можете да прочитате

Ученик од Миравци дискриминиран поради фризура

Апел за помош: Виктор Васиљевиќ починал во Шпанија, а семејството нема доволно средства за да го донесе дома

Брајовото писмо останува недостапно за учениците во Македонија, над 1.000 лица немаат пристап до него