Утрински Весник
Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски подели новогодишни пакетчиња на дечињата

Micko Paketce.jpg

Денеска, заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски и пратеникот, Бојан Стојаноски, посетивме семејства во нашата општина Ѓорче Петров и им поделивме новогодишни пакетчиња, напиша на Фејсбук градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Оваа традиција, која ја негуваме веќе неколку години, ни носи посебна радост, бидејќи насмевките и искрените реакции на најмладите се нашата најголема мотивација. Тие ни даваат сила да продолжиме да работиме за Република Македонија – за да биде подобро место за живеење, каде секое дете ќе ја гледа својата иднина. Искрено им благодарам на семејствата за топлиот прием и убавите моменти што ги споделивме. Се гледаме повторно догодина“, напиша Стојкоски на Фејсбук.


Можете да прочитате

Како се избира нов папа по смртта на Папата Франциск

Меџити: Ако Таравари сака соработка со ДУИ, не му е местото во Владата

„Културата не е трошок“ – Синдикатот на културни работници утре излегува на протест