Утрински Весник
Македонија

ЛАДНАТА “ЛА НИЊА” ДОНЕСЕ ГОЛЕМО СНЕЖНО НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ: Уште поголема зима не очекува во Јануари и во Февруари!

Meteoalarm.mk 31 1 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:


Ладната “Ла Ниња” веќе го донесе првиот сериозен снег во регионот и во Македонија, засега во Македонија најмногу снег има на планинските и на Скијачките места, а во делови од регионот снежната покривка надминува  и половина метар, а на планините  снежната покривка достигнува до метар и половина.

Сепак, според она што го следам, уште поголема зима ни се заканува во Јануари и во Февруари, односно особено во втората половина од истата.

Големи се условите во следните два месеци за ново големо снежно невреме на Балканот, како и во Македонија. Според она што може во моментов да го кажам може да очекуваме многу поладно време од она кое го имаме сега. Со оглед на тоа дека млазната струја е доста активна оваа зима, често ќе имаме многу ладни продори од север, со тоа големи се шансите да се соочиме  и со поекстремно ниски температури на воздухот.

Веќе Балканот ја чувствува зимата како кога зимите биле како во минатото, односно во далечните деведесетти години.

НАПОМЕНА: Полека се остварува мојата сезонска прогноза околу оваа зима која ја објавив, а во нејзе гласеше дека големи се шансите да имаме снежно невреме на Балканот, а  тоа веќе се случи во многу делови од регионот и во Македонија, кај нас особено на повисоките и планинските места, каде обилните снежни врнежи создадоа многу проблеми.

Можете да прочитате

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

СДСМ бара оставка од членката на ДКСК, Цвета Ристовска

ОКТА продолжува со традиционалната новогодишна донација за поддршка на соседните училишта