Утрински Весник
Свет

Јапонската национална авиокомпанија е погодена од кибер напад

20241226072441 Big 730x400 23.webp.webp

Националниот јапонски авиопревозник, Џапан ерлајнс, соопшти за кибер напад што може да влијае на домашните и на меѓународните летови.

„Денеска во 07:24 (локално време) мрежната опрема што ги поврзува нашите внатрешни и надворешни системи беше подложена на кибер напад што предизвика проблеми. Се очекува тоа да влијае врз внатрешните и меѓународните летови“.


 Авиокомпанијата додаде дека ја суспендирала продажбата на билети за денешни летови.

Другиот голем јапонски авиопревозник, Ол Нипон ервејз (All Nippon Airways) соопшти дека неговите системи не покажале знаци на напади.

Претходно оваа недела, Американ Ерлајнс ги суспендираше сите летови на околу еден час поради технички дефект поврзан со неговиот мрежен хардвер.

Можете да прочитате

Отворена истрага откако иранска телевизија објави видео со упатства како да се убие Меланија Трамп

Собјанин: Москва ноќеска беше нападната со повеќе од 390 дронови

Тела на пет бебиња пронајдени во картонски кутии во семејна куќа на југот на Франција