Утрински Весник
Свет

Најмалку 32 лица ја преживеаја авионската несреќа во Казахстан

12708052.jpg

Ококу 32 лица е бројката која ја преживеале несреќата на авионот на Азербејџан ерлајнс, кој утрово се урна во близина на градот Актау во Казахстан, покажуваат новите податоци на казахстанските власти.

Најмалку 29 преживеани, меѓу кои и две деца, се префрлени во блиската болница, а пронајдени се телата на четири жртви.


Според прелиминарните информации, меѓу жртвите се и двајцата пилоти на авионот „Ембраер 190“ на пат од Баку кон Грозни, пишува „Гардијан“.

На видеата објавени на интернет се гледа моментот кога авионот удира во земјата и експлодира, како и повредени патници кои се обидуваат да излезат од неоштетениот дел од авионот.

Можете да прочитате

Иран: Хормуз останува затворен сè додека траат заканите од САД

Москва: Напади врз воени цели во Киев, Лвов и пет други региони

Неидентификуван објект падна во Полска и предизвика силна експлозија