Утрински Весник
Македонија

Филипче категорично ги отфрли ДУИ и ги обвини за етнички поделби

Venkofilipcesdsm.jpg

Власта се обидува преку креирање етнички тензии и пропагандна мантра „СДС-ДУИ“ да го одвлече вниманието на јавноста од вистинските проблеми.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање на прес-конференција по повод шест месеци од формирањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ја осуди стратегијата на владејачките партии која, според него, користи етнички тензии за да ги одвлече вниманието на граѓаните од сериозните проблеми со кои се соочуваат.


„Покрај партизацијата, јавниот простор во последните шест месеци е затруен со етнички теми, поделби и наративи кои ги користат владејачките партии. Стратегијата на ДУИ за подигање етнички тензии ја осудуваме. Оваа стратегија најмногу им одговара на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити во власта“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ изјави дека овој таканаречен конфликт помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не е ништо друго освен политички театар, кој има за цел да ги одврати граѓаните од вистинските проблеми. Според него, наводниот конфликт помеѓу овие партии е само „љубовна кавга“, која се претставува како перманентна дестабилизација, со цел да се отвораат стари рани и да се поттикнуваат поделби, додека власта ги празни џебовите на граѓаните.

Тој додаде дека СДСМ е уверена дека оваа стратегија на ширење етнички поделби е осудена на неуспех и дека, како и секогаш, политиката на поделби ќе биде поразена.

Флиипче го отфрли обидот на ВМРО-ДПМНЕ и на лидерот на оваа партија, Христијан Мицкоски, да ја одржат живо пропагандата за наводната соработка помеѓу СДСМ и ДУИ.

„Гледам како Мицкоски и неговите мегафони упорно се обидуваат да ја одржат во живот пропагандната мантра за СДС-ДУИ. Таа е пропадната.“, изјави Филипче.

Претседателот на СДСМ истакна дека партијата останува цврсто посветена на враќањето на реалните теми во политичкиот дискурс и дека не дозволува етничките поделби и тензични теми да бидат во фокусот на јавниот разговор.

Можете да прочитате

Струга и годинава без организиран пречек на Нова година

Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Кривична пријава за поранешен началник на Одделение за обезбедување на Влада – еве за што се терети