Утрински Весник
Спорт

Траги од глувци забележани на „Олд Трафорд“

20241224075104 Big 730x400 81.webp.webp

Наезда на глувци имало на домашниот стадион на Манчестер Јунајтед, објави „Дејли мејл“.

Здравствените инспектори пронајдоа докази за глодари во тезги со храна и во корпоративни апартмани на приземјето на „Олд Трафорд“. 


Нема проблеми со глувците во областите каде што храната се подготвуваше директно.

Инспекторите го намалија здравствениот рејтинг на клубот од четири ѕвезди на две. 

Превентивните мерки за отстранување на проблемот со глодарите на „Олд Трафорд“ се преземаат 4-5 пати неделно. Манчестер јунајтед веќе неколку години работи со службите за контрола на штетници. Во 2015 година, „Црвените ѓаволи“ веќе се соочија со наезда на глодари, кои беа забележани дури и во канцелариите на персоналот.

Можете да прочитате

Почна реконструкцијата на салата „Работнички“

Свечен јубилеен настан „Спортисти на годината“ за 2024 година

Столе Димитиревски во Валенсија доби нов тренер