Утрински Весник
Спорт

Столе Димитиревски во Валенсија доби нов тренер

1734993160 Rts1891je.jpg

Валенсија ја отпушти Рубен Бараха по серијата лоши резултати и експресно го промовираше неговиот наследник. Валенсија ќе ја предводи Карлос Корберан.

Валенсија постигна договор со шпанскиот тренер кој беше на привремена работа во Англија и активираше откупната калзула од три милиони евра.


На овој начин 41-годишниот тренер се враќа на местото каде што ја започна својата сениорска кариера како голман. Сепак, неговата кариера не беше особено забележлива, додека тренерската кариера е многу интересна.

Започна во јуниорските категории на Алкаркон, но по само една година замина на Кипар. Таму работеше во сезоните 2016 и 2017 година во Докса и Ермис. Од „рајскиот остров“ замина во Англија. Таму работеше во тимот на Лидс до 23 години, а потоа го водеше Хадерсфилд две години, пред накратко да замине во Грција во 2022 година, во Олимпијакос. Сепак, истата година се вратил на Островот, каде до сега беше тренер на Вест Бромвич Албион.

Пред него сега е најголемиот предизвик во досегашната кариера. Корберан треба да ја спаси Валенсија од испаѓање.

Првиот дел од сезоната Валенсија го заврши на делба на последната позиција со само 12 поени.

Можете да прочитате

Почна реконструкцијата на салата „Работнички“

Свечен јубилеен настан „Спортисти на годината“ за 2024 година

Траги од глувци забележани на „Олд Трафорд“