Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: СДСМ да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби

24 1.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,


СДС да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби, измислувањето приказни не им поминува.

СДС со години знаеја за криминалот на Груби, во прва линија го дозволија, а потоа и му се приклучија.

До последен ден од власта nа СДС и ДУИ, тиe беа соизвршители.

СДС одеше на избори со надеж да направат влада и да продолжат да прават криминал со Груби.

Во СДС ништо не е сменето, тоа се истите луѓе кои молчеа додека Груби крадеше.

И сега наместо СДС да се извинат за криминалот кој го приредија, тие измислуваат секој ден нови приказни.

Да не беше ВМРО-ДПМНЕ и одлучната акција против политичките криминалци во СДС и ДУИ, тие уште здружно ќе ја крадеа државата. Народот тоа го знае и го валоризира, а СДС и ДУИ со секој поминат ден стануваат се помаргинализирани.

Можете да прочитате

Врховен суд ќе одлучува дали Жаклина Доведен ќе биде изземена од случајот со петгодишното дете

Камион усмрти пешак на регионалниот пат Градско – Велес

Ниеден од 13те полицајци обвинети за ,,Пулс” не призна вина