Утрински Весник
Свет

Трудо под се поголем притисок да поднесе оставка

Trudo.jpeg

Се повеќе канадски пратеници бараат оставка од премиерот Џастин Трудо, а повеќе од 50 пратеници на неговата владејачка Либерална партија од провинцијата Онтарио се согласиле Трудо да мора да се повлече од функцијата, објавија канадските медиуми.

Трудо претрпе два големи удари минатата недела – канадската министерка за финансии Кристиа Фриланд поднесе оставка поради спор во врска со буџетот, а сите опозициски партии потоа најавија дека ќе се обединат за да ја соборат малцинската либерална влада, пренесуваат светските агенции.


Агенциите наведуваат дека Трудо сепак не покажува намера наскоро да ја напушти премиерската функција.

Можете да прочитате

Поранешниот француски министер Жак Ланг поднесе оставка од функцијата шеф на Институтот за арапски свет поради аферата Епстин

Масовен протест во Берлин за поддршка на иранските граѓани кои се кренаа на бунт против режимот

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви