Утрински Весник
Македонија

Лимани: Горд сум што Гостивар има целосна поддршка од централната власт

Dsc 5871.jpg

Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, во својот говор на одбележувањето на 23 Декември – Денот на Општината, истакна дека водењето на еден град не е само работа, туку мисија заснована на љубовта кон градот и заедницата.

„Мојата мотивација сте вие”, изјави градоначалникот Лимани, нагласувајќи го Гостивар како пример за меѓуетничка хармонија и толеранција во Северна Македонија.


Во својот говор, градоначалникот Лимани ги поздрави сите поранешни раководители на градот и ја оцени нивната улога, признавајќи дека и тешките искуства биле важни лекции. Тој изрази гордост за започнатите инвестиции и за поддршката што ја добива Гостивар од централната власт.

„Горд сум да кажам дека денес сме слободни и конечно ќе добиеме тоа што ни припаѓа од централната власт, со одлични инвестиции, од кои некои веќе започнаа. Оваа слобода, овој нов политички менталитет им се должи на многу фактори, но како што знае и кажува цела Северна Македонија, главната личност што конечно ја отвори големата врата на режимот е претседателот што ме назначи, претседателот на партијата Алијанса за Албанците, г. Арбен Таравари”, изјави Лимани.

„Гостиварци, ве носам во срцето и покрај нашите разлики, нè обединува нешто многу поголемо, а тоа е Гостивар”, изјави Лимани, уверувајќи ги граѓаните дека Општината секогаш ќе биде нивниот дом и место посветено на подобрување на заедничкиот живот.

Можете да прочитате

Компанијата dm drogerie markt ги предупредува граѓаните да не веруваат во информации кои се споделуваат за измами со повлекување на пари од сметка и лажни наградни игри!

352 лица ја минаа дводневната обука за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работен ангажман

Принудно слетување на авион на „Wizz Air“ во Скопје по удар во јато птици