Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Службите од прв момент се на терен и ги чистат патиштата

Vmro.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Неспособните СДС добро е што прогледуваат и што самите констатираат дека државата и институциите ги оставија во лоша состојба.


Од прв момент на снежни врнежи, службите се на терен и ги чистат патиштата низ државата. Нема непрооден пат, дури ни на највисоките планински превои. Патиштата се чистат од снегот и се фрла сол и песок.

ВМРО-ДПМНР работи на сите полиња и ја средува државата од пустошот кој го остави СДС за време на седум годишното владеење.

ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за да обезбеди подобар живот за сите во Македонија и тоа е препознаено од граѓаните. Граѓаните препознаваат и за тоа зборува предноста и довербата од 5 спрема 1 во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС кои на последните избори добија црвен картон, а со последните анкети се губат од политичкиот од политичката мапа во државата, немаат никаков кредибилитет да зборуваат за функционирање на институциите.

До некаде, добро е што СДС прогледа и што индиректно потврдуваат во каква состојба ВМРО-ДПМНЕ од нив ја наследи државата, но време и да кажат дека тоа е поради нивната седумгодишна неспособност во практикувањето на власта, оставајќи ги институциите во девастирана состојба. И за тоа треба јавно да излезат и за им се извинат на македонската јавност.

Можете да прочитате

Таткото на Фросина по денешното одложено рочиште на судењето за Зоран Јованов: Судијка на мафијата, ова е класична манипулација на АКМИС системот

Мајката на Моника која загина во пожарот во „Пулс“: Те сакам, мајкино око – Многу, многу ми фалиш…“

Филипче за ТВ 24: Шамарот за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените европски сојузници е дебакал  и пораз за дипломатијата и Владата