Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Во Гевгелија започна изградбата на Трговски центар, инвестиција вредна околу 20 милиони евра и отворање на 350 нови вработувања

22122024 Mickoski Gevgelija 7.jpg

За мене претставува секогаш чест кога сум поканет на вака убави настани како што е овој овде. Немам што да додадам од тоа што го кажа градоначалникот и инвеститорот, освен тоа да посакам среќа и успешна работа и што побргу да се реализира. Многу амбициозен е планот на инвеститорот, но не и неостварлив бидејќи до сега како што и самиот инвеститор во својот говор овде кажа во рекордно време благодарение на амбициозниот тим и амбициозната работа на градоначалникот на Општина Гевгелија овој проект доаѓа во оваа фаза во која што е денеска, да можеме да поставиме камен темелник на инвестиција вредна самите слушнавте околу 20тина милиони евра. Од тоа што можев во разговорите да дознаам некој детал повеќе дека ќе имаме околу 350 нови вработувања на почеток до максималниот капациет и 500тини, изјави Мицкоски на поставување на камен темелник на изградба на трговски центар во Општина Гевгелија.

Оваа точка е навистина значајна бидејќи околу 15 милиони возила годишно ќе поминуваат тука, тоа значи голема можност за бизнис, голема можност и за ширење и за проширување на инвестицијата.


За Гевгелија ќе значи тоа многу, така што како претседател на Владата ценам дека секогаш кога во Македонија ќе се прават ваков тип на објекти ние сме тука да помогнеме, да го забрзаме овој процес, да го одблокираме ако е закочен за да можат овие инвестиции да бидат реалност.

Нашата цел веќе неколку пати повторена во јавност е да оваа година за прв пат забележиме, ние рекордот го поминавме, но да забележиме бројка на инвестиции која што ќе надмине една милијарда евра, со што како држава ќе бидеме во првите три по глава на жител кога станува збор за странски инвестиции.

Така што уште еднаш честитки на инвеститорот за одлучноста, благодарност до општината, до администрацијата, до сите што помагаа за оваа инвестиција да дојде во оваа фаза во која што е денес, потенцира во изјавата премиерот Мицкоски.

Можете да прочитате

Аврамовски: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Следува намалување на интензитетот на овој топлотен бран од Африка!

ВМРО-ДПМНЕ: Аудито Q8 на Филипче кое го возеше и во предизборната кампања е купено од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ