Утрински Весник
Македонија

Трипуновски потпиша договор со Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје за користење на финансиска поддршка од околу 13.500.000 денари

Slika E1734855768946.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со деканот на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, проф. д-р Деан Јанкулоски потпиша Договор за користење на финансиска поддршка за инвестиции за подобрување на генетскиот потенцијал на млечни крави во земјава преку употреба на сексирано семе и ембрио-трансферот во износ од 13.500.000 денари.

Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста на инвестицијата но не повеќе од 13.500.000 денари со вклучен ДДВ.


Истата се доделува согласно дел II став (2) мерка „Техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој” точка 1.8 „Други трошоци и инвестициони вложувања за воспоставување и спроведување на мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој” подточка 1.8.7 „Инвестиции за подобрување на генетскиот потенцијал на млечни крави во државата преку употреба на сексирано семе и ембрио-трансферот” од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година.

Соработката помеѓу Министерството и Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе продолжи затоа што преку нивната работа се поттикнува технолошкиот развој во говедарството како сточарска гранка и ветеринарството.

Покрај грижата за здравјето на животните, Факултетот игра значителна улога и во јавното здравство и тоа преку обезбедување здрава и квалитетна храна од анимално потекло.

Можете да прочитате

Македонка од „Љубов сме“: Ракот во Македонија се уште е табу тема и се смета за равенство на смрт

Мицевски: Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше изминативе 7 години резултираше со ставање на првиот оперативец на ДУИ на црна листа

(Видео) Вечерва нова епизода на подкаст ЗРАК, гостуваат онколошки пациентки од здружението „Љубов сме“