Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: СДС се виновни што Груби неказнето крадеше, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира

Brane Petrusevski 1.jpg

СДС се виновни што Груби неказнето крадеше, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира, изјави на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПННЕ, Бране Петрушевски.

Посочи дека жално е да се гледа како сега СДС од петни жили се обидуваат да смислуваат сценарија, кога тие додека делеа власт се плашеа да го спомнат Груби, а не пак да го повикаат на одговорност.


-Иако сите знаеја за криминалот на Груби, иако и ВМРО-ДПМНЕ и медиумите ги прозиваа СДС како власт, тие не преземаа ништо, затоа што им беше единствено важно да останат на власт.

СДС свесно го оставија Груби да ја краде државата, за тие да продолжат да владеат ден повеќе.

СДС треба да излезат и да им се извинат на граѓаните, за тоа што молчеа додека Артан Груби правеше милионски криминал, а потоа не само што одмолчеа, туку и му се приклучија нивните функционери како Ковачевски.

СДС е до гуша во криминал, наместо евтини приказни, да почнат длабоко да се реформираат, зошто со криминалци во врвот на партијата тешко дека може нешто да очекуваат освен уште поголеми катастрофи, изјави Петрушевски.

Можете да прочитате

СДСМ: Ниедна лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата и Тошковски со бегството на Груби

Антоновски: Борбата за вистинските вредности продолжува – по патот на Јасмин и Шопов

Трипуновски потпиша договор со Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје за користење на финансиска поддршка од околу 13.500.000 денари