Утрински Весник
Македонија

Влада нема да се откаже од проектот за изградба на хидроцентралата Чебрен на Црна Река

Cebren.jpg

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека и оваа Влада нема да се откаже од проектот за изградба на хидроцентралата Чебрен на Црна Река. Таа рече дека до сега се одржале два состанока во кои биле вклучени сите реномирани професори од различни области кои имаат искуство со изградбите на ваквите капитални објекти во државата.

Во ЕСМ постојат студии од 1960 година кои веќе ги разгледуваме, а последната е од 2022 година. Професорите ги разгледаа сите студии. Ние не сакаме пак да правиме физибилити студија, која може да ни одземе една година, или година и пол. Сакаме да направиме еден проект, за да видиме што може да се направи затоа што хидрологијата е подложна на климатските промени“, изјави Божиновска и појасни дека за анализа на хидрологијата ќе биде земена ХЕ Тиквеш.


Министерката рече дека третиот состанок на кој екпертите ќе ги анализираат студиите уште еднаш ќе биде организиран кон крајот на оваа година и дека нема да се изработува нова студија, туку ќе се искористат постојните анализи и податоци.

Ние сакаме тоа да биде државен проект, меѓутоа ќе видиме колку пари е тоа. Тоа се сериозни средства, но секако, ќе гледаме државата да биде доминантен сопственик. Треба да видиме колку ќе изнесува целиот проект и ќе направиме планови како понатаму да се финансира. Сигурно ќе биде над 600 милиони евра, или 700 милиони, а може да достигне и до една милијарда евра. За Македонија тоа се многу пари, но ако се земе предвид дека треба да бидеме енергетски независни, треба да инвестираме во тоа“, рече Божиновска.

Министерката додаде дека веќе се водат разговори со странски инвеститори кои се заинтересирани за учество во проектот. Според Божиновска изградбата на Чебрен е од стратешко значење за земјата, и затоа ќе се бараат реномирани изведувачи кои ќе ги вклучат и домашните фирми.

Можете да прочитате

Исплатени К-15 и јубилејна плата: Синдикатите со благодарност до Мисајловски

МНР му врачи протестна нота на рускиот амабасадор во Македонија

Уверение за државјанство од следната година ќе може да се вади електронски