Утрински Весник
Економија

По Божик ќе биде исплатен вториот заем од 500 милиони евра од Унгарија, најави Мицкоски

Evra.jpg

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска соопшти дека исплатата на унгарскиот заем од половина милијарда евра за кој договорот денеска во Будимпешта го потпиша министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска ќе биде на 9 или 10 јануари, како што рече, за да се раздолжиме на 25 јануари.

– Еве имаме милијарда, ја ветивме милијардата. Ги земаме овие 500 милиони за да се раздолжиме во јануари. Се бориме и ова е борба. И во оваа борба, не велам дека нема да помине туку така без да добиеме некаква лузна, ќе има, рече Мицкоски, на новинарско прашање за заемот од Унгарија од каде претходно обезбедивме исто така 500 милиони евра.


Заштедивме, потенцира Мицкоски, најмалку 200 милиони, ако издадевме еврообврзница со каматна стапка сигурно ќе беше над шест проценти.

Премиерот исто така нагласи дека во скоро време се очекуваат најмалку три инфраструктурни проекти за кои многу скоро од денеска јавноста ќе биде информирана.

-Многу добра работа што никој не ја примети, а поминува деновиве е што конечно се одблокираа две големи инвестии во делот на енергетиката и зелената енергија – Сончевиот парк во Битола и Ветерниот парк Богданци 2, тоа што не е направено седум години, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

СДСМ: Македонија претпоследна во Европа по минимална плата – ВМРО-ДПМНЕ го згази достоинството на работниците

Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток

Левица ќе поднесе Предлог-закон за шестчасовно работно време