Утрински Весник
Македонија

Најстудено утрово во Берово, најтопло во Дебар

Studeno.webp.webp

Утрово најладно било во Берово кадешто се измерени -4 степени, -3 се измерени во Скопје-Петровец, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Битола, Струмица, Демир Капија, Куманово, Лазарополе и Велес, -1 во Претор, Крива Паланка, Штип, Кавадарци и Попова Шапка, 0 во Прилеп и Гевгелија, 1 во Маврови Анови, Охрид и Виница, 2 во Крушево, а 4 во Дебар.

Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 33 сантиметри на Попова Шапка и 24 во Маврови Анови.


Времето во текот на ноќта и изутринава

Во првата половина од ноќта времето беше ведро, а подоцна облачноста се зголеми. На повисоките места дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. Изутринава е променливо облачно со појава на магла по одделни котлини.

Времето денеска

Променливо облачно, претпладне со магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Можете да прочитате

Меџити: Трансформацијата на коалицијата „Влен“ во партија почнува од наредната недела

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме!

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество